Free zone

Ги намалува брчките и ги стеснува порите: За оваа маска ви се потребни само 2 состојки

Лицето ќе изгледа одморено и посвежо.

Нема потреба да посетувате козметички салон за убав тен, да трошите пари на скапи третмани или да купувате разни производи полни со штетни состојки. Сè што ви е потребно можете да најдете во сопствената кујна.

Оваа природна маска ќе ги исчисти и стесни вашите пори, а истовремено ќе помогне во намалувањето на брчките и смирувањето на воспалените акни.

Потребни состојки:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици вода

Ставете ги содата бикарбона и медот во чист сад. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа додадете ја водата. Повторно измешајте и нанесете ја добиената маска на лицето, избегнувајќи ги деловите околу очите и усните.

Оставете ја да делува 10 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја постапката 3–4 дена и ќе забележите промена на вашата кожа; таа ќе стане почиста, поеластична и поубава.

Write A Comment