Снимањето на последниот филм од серијалот за тајниот агент 007 „Skyfall“ било прекинато откако Даниел Крег се пожалил на условите за работа.
Режисерот, за снимањето на една сцена одбрал базен во еден ексклузивен лондондки хотел. Неколку минути пред да започне снимањето, Даниел дошол кај базенот и рекол дека не доаѓа во обзир тој тука да снима.
Актерот, во костим за капење одбил да влезе во базенот бидејќи, наводно бил многу валкан. Снимањето било прекинато и вработените во хотелот „Четири сезони“ биле принудени повторно да го исчистат целиот базен и сè што го опкружува, вклучувајќи ја и теретаната.
– Сè беше чисто како солза, но тоа не беше доволно за Даниел Крег, – изјавил неименуван извор од хотелот. “Рече дека е валкано и дека нема шанси да снима додека не го средиме целото место“.
