Кога ќе се соединат латино дивата Џенифер Лопез и светската рок легенда Мик Џегер, од тоа може да излезе само нешто неверојатно. Овој пат, тие ги соединиле силите со раперот Вил.Ај.Ем и се гости на неговиот најнов спот и сингл.
Новата песна се вика „T.H.E (The Hardest Ever)“ и хит мејкерот Вил.Ај.Ем се одлучил да ги покани овие две ѕвезди да бидат дел од неа. Песната инаку е како најава за неговиот следен албум.
Спотот е доста футуристички и енергичен, всушност како и самата песна. Изобилува со визуелни ефекти, а Вил искоментирал на својот Твитер дека ова му е најдобриот спот досега.
Погледнете го и самите спотот во кој Мик Џегер се обраќа од вселената, А Џеј Ло пее на огромни видео бимови:
httpv://www.youtube.com/watch?v=vjIwmJMqrco&
