Секојдневно се на домашните и странските топ листи и постојано објавуваат нови песни. Конкуренцијата е доста голема и само најдобрите и најупорните успеваат да се задржат на врвот. Еден германските диџеј успеал да ги спои најслушаните песни за 2011 година во само четири минути.
– Оваа година ни донесе револуција, катастрофа и светска финансиска криза, но и плитка комерцијална музика. Повеќето луѓе се гладни за ваква музика, па ајде да видиме што може да направиме по тоа прашање. Иако мелодиите си наликуваат една на друга како јајце на јајце луѓето сепак ги слушаат.
Баш како и претходната година, и оваа издвоив 29 најуспешни и најслушани песни и ги споив во една. Миксот го нареков „Top of the Pops 2011 (What the F***)“. Ова е патување низ 2011 година, – напишал на својата официјална страна творецот на овој „хит“.
Послушајте ги 29-те песни за само 4 минути и 8 секунди:
httpv://www.youtube.com/watch?v=HcMsGX855zo&
