Групата „Колдплеј“ објавила конкурс за девојките кои се спремни да се разголат во нивниот најнов спот.
Конкурсот е наменет за девојки од 18 до 35 години, кои би сакале да ги соблечат маичките и градниците за 100 фунти, за потребите на снимањето на песната „Charlie Brown“. Одзивот на конкурсот е рекорден, а се нудат и додатни 100 фунти за девојките кои ќе се согласат да ги прскаат со спреј во спотот.
Спотот ќе се снима три дена, а британските медиуми пишуваат дека во овој спот ќе има повеќе девојки со голи гради од во било кој друг снимен спот.
Членовите на бендот едвај чекаат да започне снимањето на видеото и со широка насмевка велат дека се пресреќни што работат на ваков спот.
– Кога ќе биде завршен, спотот ќе биде совршен, – изјавиле дечките од групата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-u5JM6X_XG8&
