Во новиот филм со наслов „Пеколно лето“, актерката Моника Белучи повторно го покажува своето боженствено тело.
Белучи (47) целосно се разголила за филмот на Филип Гарел, во кој игра актерка која се впушта со врска со помлад сликар. На барањето на режисерот таа на драго срце прифатила, иако само пред шест месеци се породи со втората ќерка Леона.
– Кога Филип ме замоли, не можев да одбијам, иако тоа барање дојде во, за мене еден деликатен период. Сепак, се чувствував доволно самоуверено за да се соблечам, – изјавила италијанската актерка.
Белучи е во брак со францускиот актер Винсент Касел, со кој покрај новородената ќерка ја имаат уште и 7-годишната ќерка Дева.
