Доколку внимателно ја набљудувате неговата уста може да откриете многу работи.
Стручњаците велат дека доволно се само да ја гледате устата додека зборувате, кога седи покарј вас и ќе откриете некои работи кои тој ги премолчува.
Кога аглите на устата се поместуваат надолу или нагоре, грчевито, тогаш тој е толку среќен што се контролира да не се насмее па го прави тоа на “скриен” начин.
Ако усните му се споени и помалку стегнати, тогаш и нема баш убави вести за вас. Можеби се случило нешто кое нема баш многу да ви се допадне па го бара вистинскиот начин да ви го каже или пак ќе се одлучи да премолчи.
Доколку пак со раката ја допира устата, тоа е знак дека е живчан, срамежлив или пак ептен згрешил. Па со допирот на усните тој се обидува да се смири и остане во контрола.
Ако пак тој ги грицка усните… тогаш тоа посакува да ви го направи вам:)
