Celebrity

Српска копија на светскиот мега хит “I’m into you”

И уште една во низата копии на светски познатите музички видеа… Овој пат се работи за копија на спотот „I’m Into You“ каде на местото на Џенифер Лопез и Вилијам Леви се најдоа Катарина Живковиќ и Бранислав Јанковиќ.

Кога оригиналните актери го снимија спотот на плажите во Мексико го воодушевија речиси целиот свет. Песната и спотот преку ноќ го освоија интернетот, а тие не се ни посомневаа дека еден ден, многу набрзо, ќе послужат како инспирација на еден српски пар.

Српскиот спот е за песната на Катарина – Љубов. Навистина, режисерите и манекенот доста се потрудиле копијата да изгледа што е можно поверна на оригиналот, па останува на вас да погледнете и да пресудите кој подобро се снашол во љубовната улога.

Спотот на Џеј Ло:

Спотот на Катарина:

Write A Comment