Претставничките на понежниот пол обрнуваат многу големо внимание на мирисот на мажите, покажува новото истражување…
Кога го избираат потенцијалниот партнер, жените не гледаат само на надворешните карактеристики и карактерот на мажот, туку го забележуваат мирисот што го емитува. Затоа мажите треба да бидат повнимателни кон својот парфем. Тој не смее да биде премногу тежок за да ја иритира жената, туку лесен и пријатен.
Здивот и усната хигиена генерално се втори по важност. Непријатните ситуации се добиваат при акулумалција на бактерии во отсуство на кислород и најчесто на јазикот, непцата и помеѓу забите. За да се спречи тоа, треба да пиете многу течности, препорачуваат стоматолозите. Гумите за џвакање, спротивно на популарното сфаќање, не се добар избор.
