По Анџелина Џоли, Расел Кроу, Скарлет Јохансон, Џенифер Анистон… и Кијану Ривс се одлучил да седне на режисерскиот стол.
Се работи за акционен филм со име „Man of Tai Chi“ чиешто снимање треба да започне во февруари, идната година. Покрај режисерската улога, Кијану ќе ја игра и една од главните улоги во филмот. Со него ќе глуми и Тајгер Чен кој го подучувал Кијану на боречки вештини за потребите на филмот „Матрикс“.
Кијану изјавил дека филмот изобилува со акциони сцени и мајсторски борачки вештини од античко време.
Филмот ќе се сними на англиски и на мандарински јазик, а премиерата е веќе закажана за пролетта, 2013 година.
