After Midnight

Оние нешта кои мажите мразат да им се случуваат во кревет

Време е да поразговараме за оние работи кои мажите буквално мразат да им се случуваат во сексот односно за женското поведение за време на секс. Затоа прочитајте  говнимателно остатокот од оваа статија ако не сакате да остaвате лош впечаток кај саканиот човек. Еве го и списокот на најчестите грешки што ги прават жените во сексот:

За време на секс некои жени не прават ништо, едноставно си лежат. Ова буквално ги излудува мажите и ја убива желбата за секс. Мажите сакаат жената да се движи дури и во позиција кога мажот е од горе.

Тие исто сакаат бакнежи на секој дел од телото. За да го задоволите вашиот маж во кревет – бакнувајте го, дразнете го, играјте си со него…

Некои старомодни жени се уште мислат дека мажот ја има главната улога во креветот. Но тоа не е така, жените исто така треба да имаат контрола и не само тоа туку и да го контролираат и управуваат сексот подеднакво како и тој.

Некои жени не покажуваат емоции, па затоа мажите не разбираат дали ви се допаѓа тоа што го прави или не. Мажите сакаат да знаат и да слушнат од вас потврда за тоа дека она што го прават го прават добро. Тие неколку фрази изговорени од ваша страна по време на секс на мажите им делуваат како многу моќен афродизијак.

Сметате ли дека вашиот сексуален живот почнува да станува помалку досаден? Внесете разнообразие. Пробајте да го изненадите партнерот со нова секси гардероба на пример…

А за крај уште една многу важна работа – мажите не сакаат кога жените никогаш не превземаат иницијатива за секс. Едноставно опуштете се и не бидете страмежливи. Сексот е многу важен дел од врската, особено за мажите, затоа потрудете се тој да биде добар.

Write A Comment