Верувам, фановите на Бетмен ќе бидат пресреќни откако ќе дознаат дека конечно ќе можат да погледнат што се случува во последниот дел на познатата триологија во режија на Кристофер Нолан со наслов „The Dark Knight Rises“.
Трејлерот за филмот, кој што излезе во јавност вчера, започнува со едно младо момче кое ја пее националната химна на еден фудбалски меч, а завршува со хаос кој го зафаќа стадионот, со страв и со насилство во Готам Сити.
Кристијан Бејл се враќа како Брус Вејн и неговото алтер его, а Ен Хатавеј дебитира во Бетмен како Селина Кајл, позната како жената-мачка. Во филмот ќе игра и Том Харди, во улога на злобниот Бејн.
Еве го и трејлерот:
