Објавено е видеото на Дејвид Гета за песната „Титаниум“ во соработка со Сиа. Овој сингл е дел од албумот „Nothing but the Beat“ на францускиот диџеј.
Уште додека видеото не беше во етер, песната забележа доста голем успех и високо котираше на сите топ листи ширум светот.
Во видеото не се појавува ни Гета ни Сиа, туку се развива приказна поврзана со текстот на песната. Сепак, би било доста поинтересно ако самиот Гета се најдеше како главен актер во спотот. Несомнено, песнава ќе ѝ отвори доста врати на Сиа.
Погледнете:
