За сите љубители на филмот „Господар на прстените“, објавен е новиот филм на Питер Џексон со наслов „Хобитот: Неочекувано патување“.
Ова е филм за настаните што се случиле пред приказната во “Господар на прстените“ и говори за патувањето на Билбо Багинс, како и за изгубеното кралство на џуџето Еребор кое го зазел змејот Шмауг. Билбо на своето патување низ Средната земја го сретнува злобниот Голум и за прв пат доаѓа во допир со „скапоцениот“ прстен.
Во „Хобитот“ играат Иан Мекелен, Енди Серкис, Илајџа Вуд, Орландо Блум, Кејт Бланшет, Кристофер Ли, Иан Холм и Хуго Вивинг.
Премиерата на филмот е закажана за 14-ти Декември, 2012 година.
Еве го и трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=G0k3kHtyoqc&feature=player_embedded
