Инспирирана од вистинскиот вљубеник во автомобилите и ентузијазмот, Џеј Лено, решив да ја претставам листата на вистинските љубители на добрите автомобили. Погледнете ги автомобилите и гаражите на богатите и сигурно и кај вас ќе се појави мала дома за љубомора:)))
Џеј Лено
За него едноставно немам коментари, на листата на неговите автомобили ова е врвот. Знаете што треба да направите, гледајте тука и уживајте!




Султанот од Брунеи
Тој е еден од ретките сопственици на Бентли, Ферари и други ексклузивни дизајни. Веројатно и вие би го избрале ова доколку имате толку пари. Гледајте и уживајте!
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=nKHIAuAHn0Y
Чарли Вотс
Дали знаевте дека Вотс има завидна колекција на автомобили а нема дозвола да вози??? Тој има автомобил за секое расположение, и обожава само да го слуша различниот звук на секој мотор.

Џеј Кеј
Колекцијата на Кеј брои Астон Мартин DB5, Ферари F40…

Ралф Лорен
Ралф Лорен исто така поседува завидна колекција на автомобили, но на овој сигурно е посебно горд.

Николас Кејџ
Пред неколку години Николас ја покажа својата богата колекција на автомобили и со право може да се каже дека тој е на чекор да стане голем ривал на Султанот од Брунеи.

Ник Мејсон
Тапанарот на Пинк Флојд исто така е горд на својата колекција, и тоа со право.

Џери Сајнфилд
Тој е еден од најпочитуваните колекционери на Ферари. Како таков се појавува и во документарниот филм на Ферари.

Патрик Демпси
Покрај своето Порше 911 GT3 RS, кое секојдневно го вози, тој има и Ферари, Јагуар, Мерцедес… во својата колекција на автомобили.

Брајан Џонсон
Како Патрик Демпси, така и Брајан е сопственик на голема колекција на скапи автомобили и одличен тркач во легалните трки.

