Celebrity

Титаните продолжуваат со битките!

Погледнете го трејлерот за продолжението на филмот „Борбата на титаните“.

Римејкот на класикот од 1981 гидина на стидиото „Ворнер Брос“ не доби многу позитивни критики, но заработи скоро 500 милиони долари на касите на кината ширум светот. Моментално се снима продолжение, кое носи наслов „Гневот на титаните“.

Улогите како и во првиот дел ќе ги имаат: Сем Вортингтон, Ралф Фајнс и Лиам Нисон, на кој овој пат, ќе им се придружи Розамунд Пајк. На режисерското столче повторно ќе се најде Џонатан Либсман.

Премиерата на вториот дел е закажана за 30-ти Март, идната година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=IHHPPX6dnYU&feature=player_embedded

Write A Comment