Free zone

Храна која е најдобра за оформување на мускули

После празнициве секој од нас ќе обрне внимание на изгледот. По богатата празнична трпеза ќе следат денови на прочистување. Освен диети, ќе треба да имате и поголема физичка активност. Еве еден наш предлог што треба да се најде на вашето мени доколку сте еден од оние мажи кои сакаат побрзо да ги оформат мускулите.

Бадеми

Во ¼ шолја бадеми има повеќе протеини отколку во едно јајце. Јадете храна богата со протеини, но за да имате ефект треба да имате физичка активност.

Каменица

Иако до сега не биле фаворизирани како храна за брзо оформување на мускулите, сепак ние ќе ви ја откриеме тајната на големите бодибилдери.

Соја

Внесувајте соја во било која форма. Дали како храна или соино млеко не е важно, имајте на ум дека сојата е богата со протеини, витамини и минерали што ја прави сојата одлична замена за месото.

Пилешко и мисиркино

Што може да кажеме за пилешкото, а веќе да не е кажано? Полно е со протеини, а има малку маснотии и затоа се препорачува за оние кои сакаат правилно да го оформат своето тело.

Риба

Рибата е главен конкурент на пилешкото кога станува збор за храна која е богата со протеини, важни за убавото тело. Јадете риба, на пример лосос. Во 100 гр порција лосос има 25 гр протеини. Освен протеини има и голема количина на омега-3 масните киселини. Исто така е извор на голема количина на витамин Д.

 

 

Write A Comment