Во своето најново видео Ријана е неверојатно секси и нема кој не би ја посакал во вакво издание. Таа премиерно на „Vevo“ го прикажа своето музичко видео за песната „You Da One“ која служи како втор официјален сингл од последниот албум на пејачката „Talk That Talk“.
Засега, спотот е добро прифатен насекаде низ светот, но ќе ја има тешката задача да му парира или барем да се доближи до славата што Ријана ја постигна со видеото за „We Found Love“. Видеото е снимено во Лондон и изгледа како доста едноставно, но во него е вложен огромен труд. Се појавува само Ријана, која игра заводливо во различна облека и менува неколку перики во различни сцени.
Погледнете и сами:
