Премиерно ви го прикажуваме најновото видео на раперот Дрејк, овој пат во соработка со колегата Лил Вејн. Песната се вика „The Motto“ и претставува втор сингл од албумот „Take Care“.
Во видеото Дрејк се вози во својот кабриолет, а Лил Вејн рапува со прекрасна позадина од огромен град ноќе. Во спотот може да се забележи и Тајга како пее на својот концерт, односно инсерти од негов настап. Видеото е снимено во Калифорнија.
Погледнете и уживајте во лесниот ритам и кинематографија:
