Celebrity

Роберт Патинсон како „старомоден“ заводник!

Ѕвездата од филмот „Самрак“ во новиот филм ќе глуми еден шармантен поранешен војник и новинар која ја користи својата убавина за да влезе во кругот на елитните друштва во Париз кон крајот на 19-тиот век.

Во адаптацијата на романот „Bel Ami“ на Ги де Мопасан од 1885 година, Роберт Патинсон ќе го игра заводникот Џорџес Гарој, а негови љубовници во филмот ќе бидат Ума Турман, Кристин Скот и Кристина Ричи.

Џорџес се заљубува во нив, но секоја од нив ја користи да дојде до одредена положба во француското џет сет друштво во тоа време. Филмот, се вели, изобилува со сцени каде има секс, а во една сцена се покажани и оргии во кои Ума и Роберт се главни протагонисти.

Филмот е во режија на Деклан Донелан и Ник Ормерод, а во кината ќе може да се погледне во февруари, следнава година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=jdJC_GkGXco&feature=player_embedded

Write A Comment