After Midnight

Љубовта единствената работа која не излегува од мода

Во Текесбург, Англија во наслонот на фотелја стара 280 години пронајдено е љубовно писмо старо над 200 години. Дека луѓето од секогаш се сакале докажуваат зборовите во љубовното писмо, напишано на архаичен Француски јазик. Grejem Simson е човекот кој ја купил старата фотелја за да ја дополни својата антикварница го очекувало големо изненадување. При реставрацијата на фотелјата открил писмо кое ја има следната содржина:

– Драга моја, не грижи се, зарем навистина мислиш дека нешто би споделил со оние луѓе кои не знаат ништо за љубовта? Ако некој инсистира да кажам нешто тоа ќе биде само зборовите за љубовта, кои се како богатство скриено во моите гради. Вчера не ти се јавив да дојдеш, затоа што немав можност. Дојди во вторник околу пет и пол, и во петок исто така. Те очекувам утре!

Додека го пишувам ова, ја слушам тетка ми како вика и се кара, кој друг инаку би ме нервирал цел ден, вчера, денес и утре.

Драга, те покривам со бакнежи и допири…Ах, во мигов си ми најголемата желба!!!

Write A Comment