Продуцентите на филмот „Мамурлак“ се сочуваат со уште една тужба. После „кражбата“ на тетоважите и идеите за сценариото, компанијата „Луј Витон“ поднела тужба бидејќи во филмот е употребена копија, а не оригинал од нивните чанти.
Во филмот, чантата ја носи ликот Ален, односно актерот Зек Галифинакис, па модната куќа се разлутила што за потребите на така високо буџетен филм се користат ефтини копии.
Кривичната тужба е поднесена на 22-ри Декември во федералниот суд во Њујорк со оправдување дека лажната чанта може да створи конфузија кај купувачите и дека на овој начин на угледот на компанијата му е нанесена огромна штета.
Се бара и сцената во која Ален изговара: „Внимавај, ова е „Луј Витон“ чанта“ да биде исечена од филмот.
