After Midnight

Мажите тестираат уште на првиот состанок

Сигурно досега бевте на мислење дека првите состаноци се наменети за меѓусебно запознавање… но бидете сигурни дека сте биле во заблуда. Според мажите првиот состанок е најбитниот момент, односно може да се поврзе со првото полагање во светот на врските. Нивната несигурност во секој аспект на првиот состанок со потенцијалната партнерка несвесно ги тера да почнат да тестираат за да донесат првичен заклучок. Како тие всушност тестираат:

Време

Не ви е јасно зашто но мажите денес каснењето на првиот состанок значи непочитување, а вие веднаш имате еден минус. Затоа пробајте на првиот состанок да бидете точни, не го потценувајте неговото трпение. Не пали више трикот „нека чека“.

Изгледајте заинтересирани

Тајно оружје за сигурно придобивање на машкото срце. Доколку сакате да го придобиете бидете свесни дека треба да прашувате, прашувајте детали за неговиот живот но не бидете агресивни. Тој сам ќе ви се отвори.

“Скапа“ девојка

Да… мажите гледаат на тоа, сакат да знаат колку ќе му е потребно да ве „одржава“. Нарачувањето на скапа пијалак или јадење во негови очи е „скапа“. Бидете она што сте нарачајте што ви се јаде и држете се до поедноставните работи. Едноставноста пали.

Смиреност

Неочекуваните ситуации се негов најголем адут. Сакаат да постават проблем и а ја видат вашата реакција. Не се збунувајте, пробајте да бидете природна кажете си што си мислите, доколку не знаете свртете на шега, но никако на нервозна реакција.

Лажење

Не давајте лажни одговори, пробајте да избегнете доколку не сакате да одговорите. Измислувањето не придонесува за добра иднина, кога и да е лагата ќе доведе до ситуација во која ќе треба да се правдате. На лагата и измислените работи нозете им се кратки.

Комуникација

Мажите сакаат комуникативи девојки. Сака да знае како вие би сте се снашле во кругот на неговите пријатели. Не правите муабети за трачеви или телевизиски емисии, верувајте од прва рака ќе бидете пречкртани.

Write A Comment