Девојката на Џастин Бибер, познатата пејачка и актерка Селена Гомез е официјално именувана за водителка на овогодинешното доделување на МТV европските музички награди. Манифестацијата е закажана за 6-ти Ноември во „Одисеј“ арената во Белфаст.
На главната сцена, Селена ќе се појави во околу 21ч по локално време. Сè што ќе се случува во живо ќе биде моментално ажурирано на друштвената мрежа Твитер од страна на 19-годишната водителка, а таа истовремено ќе коментира и ќе споделува тајни на официјалниот сајт на МТV музичките награди.
– Многу сум возбудена што ќе бидам водителка на еден ваков голем настан – ми се оствари сонот – изјавила Гомез.
