Режисерот Питер Џексон го објави последното продолжение од својот „видео дневник„ од снимањето на филмот „Хобитот“.
Филмот, чиј почеток на снимањето беше многу пати одложуван, ќе пристигне во светските кина наредната година, а по објавувањето на трејлерот, режисерот одлучил на своите фанови да им покаже како се прави магија. „Хобитот“ е снимен на Нов Зеланд, а славниот режисер во видеото објаснува како прекрасните предели таму совршено се вклопиле со сценариото на филмот.
Понатаму, наведува со какви проблеми се сретнале, што морале актерите и статистите да поднесат и како селото било заградено во 1999 година за потребите на снимањето на филмот „Господарот на прстените“.
Погледнете и сами:
