Американската филмска академија им ги испратила гласачките листи на своите членови со цел да се номинираат натпреварувачите во сите категории.
Сите 5.783 членови мораат да ги пополнат гласачките листи и да ги вратат до 13-ти Јануари, за потоа да се одредат номинациите, кои ќе бидат објавени на 24-ти Јануари. Оскарите ќе бидат доделени на 84-тата церемонија по ред, која ќе се одржи на 26-ти Февруари во холивудскиот Кодак театар.
Водител на доделувањето на Оскарите ќе биде Били Кристал, кој е одбран откако Еди Марфи се откажа од водителското место по коментарот на продуцентот против хомосексуалците.
Кристал досега ги има водено Оскарите осум пати, последен пат во 2004 година.
