Том ДеЛонж и неговите другари од бендот, на своите обожаватели им подготвиле приказна за двајца млади луѓе кои се заробени во дом за ментално болни луѓе.
„Blink-182“ прмиерно го покажаа мрачното музичко видео за нивниот најнов сингл „After Midnight“. Во спотот, групата свири и пее на место што наликува на хангар за авиони, а сцената ја прекинуваат секвенци од двајцата млади во санаториумот.
Песната е дел од нивниот камбек албум „Neighbourhoods“ кој излезе овој септември.
– Сакавме видеото да биде различно, не само со група луѓе кои се на забава и се журкаат; сакавме да бидеме помрачни, да има повеќе неволја во видеото, – изјавуваат членовите на бендот.
http://www.youtube.com/watch?v=cB1NPKlqy5o&feature=player_embedded
