Celebrity

Филмот „World War Z“ќе биде триолoгија!

Ако се раководиме по изјавата на продукциската куќа „Paramount Pictures“, филмот „World War Z“ каде главната улога ја игра Бред Пит најверојатно ќе биде триологија.

Бред открива дека режисерот Марк Форстер планира својата апокалиптична приказна за зомби, чиј прв дел ќе биде прикажан во кината на 21-ви Декември, да ја претвори во три филмови. Марк изјавил дека Бред е инспиративен актер што најверојатно довело и до снимање на триологија.

Филмот е адаптација на истоимениот роман на Маркс Брукс за еден службеник од Обединетите нации кој патува по светот и се обидува да го спречи шерењето на зомбите. Дејството е делимично снимано во Унгарија каде екипата имала мали проблеми со оружјето, па Бред морал да ја спасува статистката од посериозни повреди.

Write A Comment