Храната е неопходна за да опстанеме. За некого лесно достапна, а за некого луксуз. Погледнете ја храната во различни земји и колку тие лиѓе во просек трошат неделно за истата.
Ова е фамилијата Manzo од Сицилија. Тие неделно ја јадат оваа храна и за неа трошат 215 евра. Од она што може да го видиме лебот е основна намирница.

Фамилијата Melander од Германија неделно за храна троши 375 евра, а за нив месните производи се основни продукти. А освен за храна тие голем дел од парите ги трошат на алкохолни пијалоци.

Фамилијата Revis од Америка има неделна потрошувачка од 341 евро. Се надевам дека другите фамилии јадат повеќе свежо овошје и зеленчук, бидејќи за оваа фамилија пиците, Мекдоналдс и месните происводи се основа.

Во Мексико фамилијата Casales троши 189 долари неделно. Свежотп овошје и зеленчук е најзастапено на нивната трпеза.

Во Полска пак фамилијата Sobczynscy троши по 151 долар неделно.

Фамилијата на Ахмед од Каиро, Египет неделно троши 68 долари за храна. На нивната трпеза најчесто го има зеленчукот и месото. Трошокот и не е така голем со оглед на бројот на членовите:)

Фамилијата Ayme од Еквадор неделно троши по 31 долар. Ориз, банани, праз… најчесто се наоѓа на нивното мени.

Во Чад, фамилијата за храна неделно троши по 1,23 долари, на ова ќе останеме без коментар.

Во Кина, семејството Dong неделно за храна троши по 175 долари. Кај нив има јајца, месо, зеленчук, овошје, сокови, млеко… навистина богата трпеза.

