50 Сент ја игра улогата на Деон, успешен средношколец фудбалер, на кој му дијагнозираат рак токму кога е на пат да си го остваи сонот како професионален спортист.
Трејлерот за филмот драма со наслов „All Things Fall Apart“ беше објавен пред еден ден и од него може да се забележи дека филмот изобилува со срцекршачки сцени, каде Деон и покрај својата фатална болест се труди да си го оствари сонот.
За потребите на филмот 50 Сент ослабел цели 25 килограми за да може да ја игра улогата на слабодушниот фудбалер кого пред смртта го напуштаат сите другари. Подари хемотерапијата, тој ја губи косата и нагло слабее.
Филмот ќе може да се погледне во кината на 14-ти Февруари.
Ова е официјалниот трејлер:
http://www.youtube.com/watch?v=Upg6TABeqGs
