Celebrity

Година на филмски грешки!

Последниот филм од серијалот „Трансформери“ има дури 69 грешки, 17 повеќе од второпласираниот „Пиратите од Карибите 4“. Со тоа акциониот филм за трансформерите е филм со убедливо најмногу грешки во 2011 година.

На трето место се најде филмот „Х-мен – Прва класа“ со 27 грешки. Во првите пет успеаа да се пласираат и „Хари Потер и реликвиите на смртта“ и “Супер 8“ на Стивен Спилберг со по 18 грешки.

Иако „Мамурлак“ не може ни да се спореди по грешки со „Пиратите“ или „Трансформерите“, сцената во која Бредли Купер го именува Ед Хелмс со неговото вистинско име се смета за омилена грешка на годината.

 

Write A Comment