Последното обемно истражување кое опфаќаше вкупно 10 000 испитаници, покажа дека секој од двата пола има свои сопствени карактеристики. За мажите е покарактеристична емоционална стабилност, доминантност и осознавање на правилата. Жените се почуствителни, потопли, по внимателни за разлика од посилниот пол.
Новата анализа покажа дека мажите и жените имаат јасно разграничени особини, а само 18% од мажите имаат типично женски карактеристики и обратно. Научниците од Универзитетот во Манчестер утврдиле дека заедничкото меѓу двата пола е помалку одошто досега се веруваше.
Новиот труд јасно ја отврла идеата дека има само мали разлики во карактерите на мажот и жената. Од овде произлегуваат и вечните несогласувања меѓу двата пола, едноставно разликите ги прават да гледаат различно на животот…
