Списанието „Форбс“ состави листа на филмски парови кои најмногу заработиле во изминативе пет години. На прво место се наоѓаат Рон и Хермиона од приказната за Хари Потер, кои за време од пет години заработиле 4,2 милијарди долари.

На второ место се наоѓаат Бела и Едвард од сагата „Самрак“ кои собрале само 2,5 милијарди долари. Понатаму следат Шаја ЛаБаф и Меган Фокс кои заедно се појавија во два од трите филмови за трансформерите и заработиле 1,5 милијарди долари.

Четврти се Роберт Дауни Џуниор и Гвинет Палтроу со 1,2 милијарди долари, а на листата се и Џони Деп и Пенелопе Круз од „Пиратите“со околу милијарда долари, па следат Орландо Блум и Кира Најтли повторно од „Пиратите“, Тоби Мегваер и Кирстен Данст со „Спајдермен“ итн.
