Обложувалниците прогнозираат дека оваа година Мерил Стрип ќе го освои Оскарот за најдобра женска улога.
Откако излезе веста дека ќе биде снимен филм за поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, британските критичари нестрпливо чекаа да почнат со своите остри убоди, да најдат замерка и таму каде што реално ја нема.
Тоа и го сторија. Тие пишуваа дека филмот за „железната дама“ воопшто не е добар филм и дека Мерил Стрип се надминала себе си.
Истото го мислат и обложувачите кои веќе ја прогласија за Оскаровка, иако засега не е ни номинирана за награда од Американската филмска академија.
Доколку ја номинираат, тоа ќе биде нејзина 17-та номинација, а ако се остварат предвидувањата, Мерил ќе добие трет Оскар.
