А мислевте дека длабокиот глас е одраз на машкост
Една австралиска студија го истражувала машкиот глас, начинот на кој жените го доживуваат и квалитетот на машките сперматозоиди.
Првото откритие никого не изненади – жените ги сакаат длабоките гласови и ги сметаат за помажествени.
Меѓутоа, спротивно на сите очекувања, таквите мажи немаат подобрар квалитет на својата сперма. Едно мерење на квалитетот на спермата покажало дека мажите со повисоки гласови се во поголема предност.
Ова е многу необично откритие, посебно затоа што се смета дека женките од сите видови добиваат информација за плодноста на мажјакот преку секундарните карактеристики како што се брадата, мускулната маса и гласот.
Научниците од Универзитетот во Западна Австралија сметаат дека кај некои мажи неквалитетната сперма е компензирана со убав, и длабок глас. На пример, високото ниво на тестостерон се поврзува со длабок глас, мажествени карактеристики, доминантно однесување и успех во освојувањето на сексуален партнер. Иако тестостеронот игра важна улога во формирањето на спермата, меѓутоа неговото високо ниво може и да го влоши правењето на квалитетно семе.
За спроведувањето на ова истражување, екипата научници испитала 54 мажи чиј глас е снимен и им е земен примерок од спермата. Нивната снимка е анализирана од софтвер, а рангирани се околу 30 женски волонтери на тема – атрактивност и мажественост.
