After Midnight

Дали хемијата меѓу вас ќе потрае?!

Овие знаци може да откријат колкава е физичката привлечност меѓу вас и вашиот партнер…

Сигурен знак: Кажете му што ве пали – можеби е тешко некогаш да ги откриети вашите најинтимни фантазии, но ако постепено ја отворите вашата душа кон партнерот, со тек на време тоа може да го подобри квалитетот на вашата врска.

Сигурен знак: Немојте да и робувате на рутината – сите парови се обидуваат да го усогласат животот од секојдневните обврски. Ако почнете да водите љубов само кога сте слободни и одморни, тогаш со сигурност сексот ќе биде полош и поретко ќе се случува.

Сигурен знак: Предиграта трае  по цел ден – ако хемијата меѓу партнерите е силна, тогаш пламенот на страста трае 24 часа сите седум дена во неделата. Флертувајќи преку мејл или смс пораки или пак додека гледате телевизија навистина може да го подобри вашиот сексуален живот.

Сигурен знак: Наизменично заведувајте се еден со друг – за врската најдобро и најздраво е рамноправната поделба на инцирање на секс.

 

Write A Comment