Celebrity

“Who You Are” на Џеси Џеј конечно доби видео запис

И конечно стигна видеото за огромниот хит на Џеси Џеј – „Who You Are“. Музичкото видео беше премиерно прикажано вчера, касно вечерта. Ова е петти сингл од деби албумот на Џеси Џеј со наслов ист како оваа песна.

Како и секогаш, Џеси плени со своите неверојатни вокални способности. Песната е одлична, а тоа се покажа и кога Џеси како комплетна анонимка отиде во Њуујоршкото метро и пееше пред обичните смртници. Сепак, спотот е малку досаден со оглед на тоа што Џеси сеуште си има проблеми со ногата, па не може да сними енергичен спот, по кој би била полесно препознатлива.

Погледнете го видеото:

Write A Comment