Американската рок легенда Брус Спрингстин се подготвува за издавањето на најновиот свој албум, 24-ти по ред. Упатените велат дека ова ќе биде негов „најгневен“ албум до сега.
– ЦД-то изобилува со економски теми, – изјавил близок извор на рокерот, кој имал прилика да го слушне снимениот материјал.
– И Брус смета дека ова е негов најгневен албум, тој ги претпостави сите случувања во економијата, бидејќи повеќето од материјалот е снимен и напишан пред движењето „Да ја окупираме Волстрит“.
Се очекува албумот да се најде во продажба кон средината на март. Спрингстин и неговиот бенд „E Street Band“, кој во 2011 година изгуби дури два члена (Дени Федерисиј и сансофонистот Кларенс Клемонс), исто така, најавија серија настапи во Велика Британија во јуни, а по тоа и европска турнеја.
