Кристина Агилера реши да им ја разјасни мистеријата околу нејзиниот најнов албум на своите фанови. Таа ветува дека со овој иден проект има да даде нешто сосема „искрено и сурово“.
– Моментално, го снимам мојот најнов албум. Многу сум возбудена бидејќи се наоѓам во еден прилично интроспективен период од мојот живот. Научив многу работи, искусив доста нешта, имав скокови и падежи. Кариерата за мене е патување низ кое истовремено растам. Многу сум возбудена што сето тоа го ставив на хартија и ќе го преточам во мој текст и глас, – искрена е Агилера.
Како и да е, на интернет се појавија снимки на песна со наслов „F**k Your Body“ за која се смета дека ќе биде прв сингл на Кристина од новиот албум, а имплицитната верзија на истата песна е „Love Your Body“.
