Штотуку сте се запознале? Постојат показатели кои откриваат дали вие двајцата ќе се најдете во чаршавите
Гласот ви се менува
Дали тонот на вашиот глас е подлабок кога сте во негова близина? Тоа е потсвесен знак дека ве возбудува. Ако пак тонот на вашиот глас се повишува, чувствувате блискост. И двата моменти навестуваат телесна активност.
Не се цензурирајте
Ако можете да му кажете скоро сè, дури и оние срамните приказни, сè кажува дека разговорот ќе биде разузден ( што е и клучот за добар секс). Но ако сте воздржани во негово друштво, тоа ќе биде уште понагласено кога ќе бидете без алишта.
Остварувате длабок контакт со очите
Гледањето еден во друг дирекно во очи, дури и при опуштен разговор, е доказ дека поврзани на интензивен, и посебен начин.
Допирот му е пријатен
Некако случајно ве допира, и тоа на смирувачки начин кој потсетува на движењата во кревет, нешто како галење. Но ако неговите допири немаат ритам или се груби и иритирачќи, такви би можеле да се повторат и во спалната.
