Celebrity

Сцената на која Бред Пит се „прснува“ од смеа :)

Погледнете ја сцената која не завршила во финалната верзија на филмот со Бред Пит „Moneyball“. Работата на актерите воопшто не е лесна, режисерите од нив бараат да го менуваат физичкиот изглед за потребите на улогите, ги принудуваат да работат и во најлоши временски услови, да снимаат опасни сцени, но понекогаш и актерите знаат да им го загорчат животот на режисерите.

Еден од нив е и Бред Пит, поради кој режисерот Бенет Милер морал сто пати да повтори една сцена. Бред никако не можел да престане да се смее обидувајќи се да го каже текстот.

На самиот глас на колешката Џона Хил, тој се „газел“ од смеа. Неколку пати пробувал да се смири, но реченицата „сега ќе се обиде да направи нешто што никогаш досега не го направила“, од некоја непозната причина, му била премногу смешна.

Во еден момент, целата екипа кренала раце од сцената и почнала да се смее.

Еве како изгледа сцената:

Write A Comment