Римјаните своите проститутки ги плаќале со посебни пари кои вределе колку платата на еден работник кој работел тешка физичка работа, тврдат историчарите откако го пронајдоа чудниот “жетон” а крајбрежјето на Темза. На овој метален жетон има слика од маж и жена кои се во сексуален однос, а британските историчари тврдат дека тоа е паричка со која биле плаќани проститутките.

Жетонот бил пронајден со помош на детектор за метал во време кога водостојот на Темза бил исклучително низок. Се смета дека оваа паричка лежела на тоа место 2000 години пред да ја види светлоста на денот.
