After Midnight

Зошто жените не иницираат секс ?

Мажите често знаат да се жалат на тоа како најчесто тие се оние кои иницираат секс. Но, се поретко зборуваат за тоа со нивните партнерки. Понекогаш и знаат да спомнат, но некако сигналите потешко стигаат до женската популација.

Мажи, кога веќе сакате спротивна иницијатива, разговарајте со партнерките.

Најдобро би било да им дадете до знаење дека тоа Ви е навистина важно и дека би биле најсреќни на свет доколку Вашата дама иницира секс.

А кај жените, најголем проблем е стравот да не бидат одбиени. Дури и похрабрите жени во моментот на решавање на тој чекор, размислуваат дека би можеле да бидат одбиени поради причините дека мажот е уморен или дека…тоа и не е баш паметен предлог. Многу девојки тоа го прават срамежливо, шепотејќи на уво, но доколку мажот не го прочита сигналот, девојките се плашат да превземат поагресивна акција.

Најдобро би било двострано работење на случајот, за да не се појави јазол, кој би  ги уништил сите убави моменти…Значи, ако жените се малку повеќе срамежливи…мажи…па тоа не е причина да ги избегнете тие прекрасни моменти!

Write A Comment