Free zone

Прекинете ја врската за пет фунти

Ете толку е тоа ефтино!

Во Велика Британија има едно момче кое има само 21 година, а голема смисла за бизнис. Тој има одлична професија, тој е професионален прекинувач на врски.  Се она што партнерите немаат храброст да си го кажат еден на друг, тука е тој да го стори тоа.

Џонатан е момче кое неоддамна ја прекинало врската со својата девојка, и во тој момент силно посакал да има некој друг кој ќе го направи тоа за него. Исто така многу често пријателите од него барале совет како да ја прекинат врската најбезболно. Па Џонатан си решил да го наплати својот талент. Напишал оглас кој гласи:

“Ќе ја прекинам вашата врска за само пет фунти. Ми требаат најмногу шест дена. Патував многу по светов и мислам дека знам како треба со различни луѓе. Ќе контактирам со вашиот партнер по меил смс пораки или лично и ќе му ги соопштам лошите вести. Пред да ми платите јас ќе одлучам дали ќе го земам вашиот случај…”

Џонатан признал дека бизнисот почнал да му цвета, веќе има многу задоволни клиенти, а најчесто тоа се мажи.

 

Write A Comment