Крвната група ја наследуваме од нашите родители и таа е силен генетски печат кој го добиваме со нашето раѓање. Таа во голема мера влијае врз целиот наш начин на живот, па дури и доживувањата на емоциите и начинот на кој функционираме во љубовната врска. Да почнеме со ред…
Крвна група О
Жената со оваа крвна група од својот партнер очекува среќа, задоволство и многу нежност. Чувствува голема потреба за припадност која треба да се потврди со брак и формирање семејство. Како сопруга, жената со оваа крвна група владее од позадина и често активно учествува во градењето на кариерата на својот сопруг. Кон децата таа се поставува другарски, а своите лични амбиции ди остварува преку својот сопруг или децата.
Мажите од оваа крвна група се доста активни кога станува збор за жени, па затоа и се посакувани од спротивниот пол. Но, овие мажи знаат да бидат доста незгодни бидејќи по природа се несигурни бидејќи работите брзо можат да им досадат. Кога се во брак. Мажите од крвната група О се приврзани за семејството , но и тука до израз доаѓа нивната дива природа која силно се спротивставува на монотонијата на секојдневието.
Крвна група А
И жените и мажите од оваа крвна група се демократични во врските, ги почитуваат своите партнери и нивните квалитети. Но, поради емотивната природа, своите чувства ги откриваат дури откако се сигурни дека нема да бидат повредени. Жените со крвна група А како мајки, многу ги поддржуваат своите деца, но исто така и многу бараат од нив.
Машките припадници од оваа крвна група не се баш нешто посебно интересни за жените. Нивните позитивни карактеристики тие ги откриваат по подолго време. Но нивниот најголем квалитет е тоа што се целосно посветени на своето семејство. Кога ќе го засноваат своето семејство, тоа станува центарот на нивниот живот. Како сопрузи, тие ја поддржуваат и сакаат да ги истакнат квалитетите и способностите на својата жена.
Крвна група Б
Жените од оваа крвна група очекуваат среќа, задоволство и внимателност од своите избраници. Во партнерските односи бараат внимание и делуваат помалку недофатливи и затоа потешко се одлучуваат да влезат во брак. Но, во основа штом засноваат семејство, целосно му се посветуваат. Мажите од крвната група Б ги третираат жените како кралици. Но, проблемот кај овие мажи се појавува кога нема да најдат соодветна споатничка во животот. Тогаш до израз доаѓа меланхолијата кога полесно им е да фантазираат отколку да се фатат во костец со нивната вистинска природа.
Крвна група АБ
Жените од оваа крвна група сакаат мажи со авантуристички дух, но во вистинска љубов уживаат само ако останат мистични. Како мајки се прилагодливи и благи кон своите деца. Кон децата се поставуваат другарски, но точно знаат до која мера да го сторат тоа.
Кога станува збор за мажите од оваа крвна група, нивна специјалност е додворувањето. Големи заводници кои се додворуваат суптилно, отворено и наклонето. Колку ќе ја смири својата дива природа, зависи исклучиво од партнерот. На пример, ако неговата избраничка е од крвната група Б, тој ќе се однесува како типичен припадник на крвната група А и обратно.
