Оскаровецот Расел Кроу ќе глуми во филмот „Харкер“, кој всушност е најнова филмска верзија за најпознатиот вампир од Трансилванија.
Филмот ќе го продуцира Леонардо ДиКаприо, кој најави дека оригиналната приказна на Брам Стокер ќе биде делумно изменета. Во оригиналот, младиот адвокат Џонатан Харкер оди во Трансилванија со цел да му помогне на мистериозниот гроф во врска со недвижнините.
Во новиот филм, Харпер ќе биде всушност инспектор на Скотланд Јард и ќе ги истражува злоделата кои грофот Дракула ги извршил во Велика Британија.
Филмот сеуште нема режисер, а не се знае ни кој ќе го глуми грофот Дракула.
