Се обидувате со денови да изберете совршен подарок за вашиот партнер за Св. Валентајн. Но всушност, она што најмногу ќе го израдува е бесплатно, а и вам ќе ви причини големо задоволство.
Секси пораки: Напишете му секси порака и оставете ја некаде каде што знаете дека ќе ја прочита. Пуштете ја вашата фантазија да работи и напишете му нешто што знаете дека ќе го „запали“. А потоа, кога ќе дојде време, остварете го тоа што сте го напишале.
Секси фризура: Направете некоја секси фризура за која знаете дека му се допаѓа. Исто така нашминкајте се повпечатливо од обично. Новиот имиџ сигурно ќе му се допадне.
Нова секси долна облека: Купете некој интересен корсет и чекајте го во кревет со чинија јагоди и шампањско.
Бидете отворени кон експериментирање: Секогаш може да пробате нешто ново во кревет. Денот на вљубените е одлична шанса да ги отфрлите сите предрасуди кои ги имате кон сексот и да го пробате она што од секогаш сте сакале да го пробате.
