Сите ние на различни начини се обидуваме да им го привлечеме вниманието на мажите кои ни се допаѓаат. Иако ние се фокусираме на заведувањето само како на начин на кој ќе го добиеме тој што го сакаме, стилот на заведување всушност може да ни открие и колку ќе трае љубовната врска.
Истражувачите од Универзитетот во Кент направиле анкета на 5000 луѓе со цел да дознаат како комуницираат тие со личностите кои ги привлекуваат и дошле до навистина изненадувачки резултати. Студијата покажала дека оние кои користат разигран и физички стил на заведување најверојатно ќе имаат кратка врска без никакво значење. Од друга страна, оние кои се убедуваат елегантно и духовно да го привлечат партнерот имаат поголеми шанси за љубов на „подолга патека“.
Истражувањето, кое го објви Космополитен, разликува пет различни стилови на заведување – физичко, традиционално, љубезно, искрено и „ѓаволесто“. Истражувањето покажало дека постои и разлика помеѓу заведувањето на жените и заведувањето на мажите. На жените повеќе им се допаѓа искрен стил на заведување кој се темели на создавање на емотивна конекција помеѓу партнерите.
