Нашата пејачка Калиопи вчера за прв пат ја отпеа во јавност песната со која ќе нè претстави на овогодишното 57-мо издание на Евровизија кое ќе се одржи на 24-ти Мај, во Баку, Азербејџан.
Називот на песната е „Црно и бело“ или „Black and White“, а најголем придонес за неа дал поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил.
Песната е бавна, но темпото се забрзува како што песната се доближува до крајот. И сценската изведба е солидна.
Еве го целосниот настап на Калиопи на церемонијата на која за прв пат можеше да се чуе како звучи песната во живо, а беше емитувана на Македонската Телевизија:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=-FLks45UhAw
