Американската пејачка Katy Perry ќе игра во биографската приказна за победникот на британското „Талент“ шоу.
Perry (27) е заинтересирана за една од улогите во филмот за Paul Potts, оперски пејач кој во 2007 година победи на натпреварувачкиот спектакл „Британија има талент“.
Филмот за неговото качување на врвот е во подготовка уште од 2010 година, а треба да го режира David Frankel („Marley and Me“).
Katy треба да ја игра улогата на сопругата на Potts – Julie Ann, а снимањето започнува наскоро во Велика Британија.
